Грчката полиција деактивирала бомба во метрото во Атина

Моќна запаллива направа со механизам со часовник деактивирала полицијата во Атина во воз на метрото, јавија агенциите. Направата била откриена од машиновозачот во пакет на седиште во еден од вагоните.
Бомбата е однесена во лабораторијата за криминалистика. Нападите во јавните објекти според агенциите начесто ги вршат анархистите, но досега немало случај цел да биде јавниот транспорт.