Веб страната на Обама преплавена со пораки од Кина

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама на социјалната мрежа на Гугл бил преплавен со пораки на кинески јазик. Гугл плус е бликиран во Кина, како и други социјални мрежи кои не се прифатливи за власта.
Но кинеските интернет корисници забележале минатата недела дека имаат пристап на сајтот социјалната мрежа на Гугл. Во изминатите денови секоја тема за кампањата на Обама привлекла стотици коментари од Кина.