Груевски-за решение на спорот за името се потребни двајца

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски изјави дека евроатланската интеграција на Македонија предлого се одолговлекува поради спорот со името. Тој во интервју за германски „Ди Велт“ рече дека Македонија е подготвена на разговори за проблемот да се реши, но за тоа се потребни двајца.
На прашањето дали нешто е променето со технократската власт на Пападемос, Груевски вели оти промени нема. Според него, до решение на спорот може да се дојде само преку разговори и тоа не треба да биде на штета на македонскиот идентитет, државноста, дефинирањето.