Сакашвили-Грузија нема да се откаже од сувернитетот заради Русија

Грузискиот претседател Михаил Сакашвили

Грузискиот претседател Михаил Сакашвили изјави за време на говорот во една воена база во близина на границата со Јужна Осетија дека неговата земја нема да се откаже од суверенитетот само за да ги подобри односите со Русија. Тој рече дека на неговите политички опоненти треба да им биде јасно какви се односите со Русија.
Причината за таквата изјава на Сакашвили според аналитичарите е поради најавата на грузискиот милијардер Бижина Иваншвили за учество на парламентарните избори во октомври ,кој изјави дека сака да изгради добри односи со Русија и западот.