Пожар ја уништи бразилската истражувачка станица на Антартикот

Бразилската истражувачка станица на Антартикот е уништена од пожар, при кој најверојатно загинале двајца работници. Пожарот започнал во собата каде се сместени генераторите.
Четириесет и четири лица беа евакуирани со хелихоптер, од кои едно со полесни повреди во чилеанската воена база. Две лица се уште се исчезнати, но медиумите претпоставуваат дека загинале при несреќата.