Киргистанскиот претседател бара да се затвори руската воена база во земјата

Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев при средбата со рускиот претседател Дмитри Медведев

Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев за време на неговата посета на Москва изјави дека руската воена база во неговата земја треба да биде затворена. Атамбаев во интервју за една радио станица се пожали дека Русија не платила кирија за базата четири години, а киргистанските власти ги плаќале и комуналиите.
Според Атамбаев, рускиот претседател Дмитри Медведев му наредил на министерството за одбрана да ја плати киријата во износ од 15 милиони долари во наредните десет дена.