САД го осудија убиството на воените советници на НАТО во Авганистан

Местото на убиството на двајцата претставници на НАТО

САД го осудија убиството на двајцата преставници на НАТО силите во Авганистан, кои загинаа во престрелка во Кабул. Потпаролот на секретарот за одбрана Џорџ Литл ги опиша убиствата како неприфатливи и ги повика авганистанските власти подобро да ги обезбедуваат коалиционите сили.
Според Алијансата, првичните извештаи покажуваат оти еден човек пукал кон преставниците на Меѓународните безбедносни сили.