НАТО го повлекува својот персонал од министерствата во Авганистан

Протести во Кабул

НАТО ги повлече сите свои членови кои работат во министерствата во авганистанскиот главен град, откако двајца американски офицери беа застрелани во Министерството за внатрешни работи.

Високиот командант на НАТО во Авганистан, генерал Џон Ален, изјави дека преземаат итни мерки за да го заштитат персоналот.
НАТО не ја откри националноста на загинатите, но западните медиуми цитирајќи авганистански официјални лица соопштија дека се убиени двајца американски советници.
Авганистанските Талибанците ја презедоа одговорноста за убиствата. Тие соопштија дека презеле таков чекор во знак на одмазда за палењето на копии на муслиманската света книга во базата на НАТО во Авганистан.