Груевски не ги коментира изјавите на Атина за да не се создава лоша клима

Никола Груевски, премиер на Македонија

Премиерот Никола Груевски во врска со изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Димас дека прво треба да се реши името и потоа Македонија да влезе во НАТО рече дека ќе се воздржи од коментар до претстојната средба со премиерот Лукас Пападемос.
„Не би ги коментирал работите за да не создаваме лоша клима. Не сум ја слушнал изјавата, не знам дали сака да каже дека Грција нема да го почитува меѓународното право или нешто друго“, рече премиерот.