Двајца припадните на НАТО убиени во Авганистан

Кабул

Двајца преставници на НАТО силите во Авганистан загинале во престрелка во Кабул, денеска, соопштија од Алијансата. Во соопштението се наведува дека првичните извештаи покажуваат оти еден човек пукал кон преставниците на Меѓународните безбедносни сили. НАТО не соопшти од каде се загинатите.
Западните медиуми повикувајќи се на авганистански официјални лица, претходно јавија дека двајца американски советници биле убиени во престрелка во авганистанското Министерството за внатрешни работи.