Сирија- Безбедносните сили убиле 16 цивили

Протести во Сирија

Безбедносните сили во Сирија денеска убиле најмалку 16 цивили, соопштуваат активистите за човекови права. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека четири цивили се убиени во Баба Амр, а загинати има и во градот Хомс,во Езаз, како и во провинцијата Хама. Судирите во Сирија, доаѓаат на само еден ден откако западните и арапските земји во Тунис разговараа за да се зголеми притисокот врз сирискиот претседател Башар ал-Асад и неговата влада да стави крај на насилството.