Денот на несогласувањето заврши во Алмати - Казахстан

Демонстрантите кои се собраа во Алмати, Казахстан, како што јави Казахстанскиот Сервис на РСЕ, се вратиле во нивните домови откако на протестите наречени "Ден на несогласување" упатиле повик за поголеми политички слободи во земјата. Протестите биле блокирани од полицијата на плоштадот која изврши рација и во домовите на три опозициски лидери пред митингот и да започне.
Приведени се Булат Абилов и Зхармакхан Туѕакбаи, ко-претседавачи на опозицијата Азат партија и секретарот на групата Амирзхан Косанов. Има извештаи и дека некои од демонстрантите на плоштад во Алмати се приведени во полициски комбиња.
Опозицијата на Казахстан упати повик на демонстрации со цел да се изврши притисок за да се ослободат од затвор неколку опозиционери притворени претходно овој месец. Опозицијата бара и фер избори, независно судство и слободата на говорот во Казахстан.