Продолжуваат демонстрациите во Авганистан за палењето на Куранот


Авганистанците и денеска, четврти ден по ред, протестираат поради палењето на копии од Куранот во НАТО базата во Баграм. На демонстрациите во Кабул едно лице било рането кога полицијата пукала врз демонстрантите во обид да ги растера. Демонстрации имало и во други градови во Авганистан. Во претходните три дена, најмалку 15 лицаа загинаа, вклучувајки и двајца американски војници. Американскиот претседател Барак Обама му испратил писмо со извинување на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Талибанците го отфрлија извинувањето и повикаа на напади врз странските сили.