Ал Каеда одговорна за нападите во Ирак

Ал Каеда ја презеде одговорноста за серијата напади во кои вчера во неколку ирачки градови загинале најмалку 60 луѓе, а 255 биле повредени. Огранокот на Ал Каеда кој себе си се нарекува Исламска држава Ирак соопшти дека нападите врз безбедносните сили биле одмазда за, како што се наведува, кампањите на тортура и на елиминација на сунитите во ирачките затвори. Обединетите нации и Соединетите држави го осудија вчерашното насилство.