Продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина

Во Брисел денеска продолжува состанокот меѓу преговарачките тимови на Белград и на Приштина кои почнаа во средата. Разговорите, како што јавуваат агенциите, се однесуваат околу одредниците за регионалното претставување на Косово. Од нивниот резултат ќе зависи дали Србија ќе добие статус кандидат за членство во Европската унија.