Состанок во Тунис на „Пријателите на Сирија“

Високи претставници на околу 70 земји од западниот и арапскиот свет се собраа денеска во Тунис да разговараат на состанокот наречена „пријатели на Сирија.“ . Според новинарските извештаи на состанокот ќе се разговара за издавање на ултиматум до сирискиот претседател Башар Ал Асад. Во него ќе биде наведено дека доколку не спроведе веднаш, целосен прекин на огнот за даовозможи снабдување на храна за цивилите ви градовите кои се под опсада како Хомс, може да се соочи со последици.
На состанокот „Пријатели на Сирија “ нема да присуствуваат претставници на Русија и Кина, земји кои во Обединети Нации два пати до сега ставиле вето за носење на резолуција против Сирија. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон пред почетокот на состанокот изјави дека присутните во Тунис ќе можат да помогнат сириското востание против власта да се интезивира.