Младиќ: Хашкиот трибунал е „Суд на НАТО “

Поранешниот воен лидер на босанските Срби Ратко Младиќ го обвини синоќа Хашкиот трибунал за пристрасност против него и останатите Срби, и го нарече „суд на НАТО“.Во Хашкиот трибунал се одржа сослушување за случајот на Младиќ, обвинет за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства. На судењето Младиќ покажа фотографија на членови на семејството на која беше и тој во воена униформа, и изјави дека е „горд со таа армија и со таа униформа“. Следното сослушување на Младиќ е на 14 март а судскиот процес ќе почне на 14 мај.