Меркел побара прошка од семејствата на жртвите на неонацистите

Комеморацијата на жртвите во Берлин

Германската канцеларка Ангела Меркел им се извини на роднините на жртвите од неонацистичкиот терор. Таа ги опиша неонацистички убиства како срам за земјата и побара од семејствата на жртвите прошка.
Убиствата на осум Турци, еден Грк и еден германски полицаец за Меркел претставуваат напад на германската демократија. Комеморацијата на жртвите се одржа во Берлин.