Карзаи обвини американски офицер за палење на Куранот

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи обвини американски офицер за палењето на Куранот во воената база на НАТО во Баграм, што предизвика насилни протести низ земјата. Карзаи на авганистанските законодавци им рече дека американскиот офицер дејствувал поради ниското разбирање на важноста на Куранот.
Карзаи ја даде изјвата додека се очекува извештајот на американската војска за тоа зошто Куранот бил фрлен и запален во ѓубрето.