Еврозоната ќе биде во блага рецесија, предвидува ЕК

Европската комисија предвидува дека економијата во еврозоната оваа година ќе биде околу 0,3 насто. Според комисијата, неочекуваниот застој ќе продолжи во првите два квартали во 2012 година.
Комисијата во ноември предвиде дека економијата ќе биде околу 0,5 насто во еврозоната, по растот во изминатата година од 1,4 проценти. Очекувањата се дека економиите не само во Грција и Португалија, туку и во Белгија, Шпанија, Италија и Кипар, како и Холандија и Словенија ќе забележат пад годинава.
Но комисијата смета дека членките на еврозоната ќе бидат во блага рецесија и дека веќе има знаци на стабилизација.