Осудени седум екстремисти во Таџикистан

Суд во Таџикистан

Таџикистанскиот суд осуди седум припадници на забранетата исламистичка екстремистичка организација Аблиг и Џамат на казна затвор од три до пет години. Организацијата официјално беше забранета како екстремистичка група во Таџикистан во 2006 година.
Нејзините членови не се сметаат себеси за екстремисти, туку тврдат дека нивната цел е да ги проповедаат исламските вредности.