Протестите поради палењето на Куранот во Авганистан продолжуваат

Денеска стотици авганистанци ја нападнале со камења американската база во провинцијата Лангман. Овој напад доаѓа по повикот на Талибанците за одмазда за палењето на Куранот во НАТО базата во Баграм.
Протестите и денеска трет ден продолжуваат ширум Авганистан, поради палењето на исламската света книга.
Досега ,како што се јавува, седум лица загинаа во судирите со безбедносните сили. Претседателот на Авганистан повика на смирување на ситуацијата. САД се извинија и најавија истрага за инцидентот.