Талибанците повикуваат на одмазда за палењето на Куранот

Протести во Кабул

Талибанците, по палењето на Куранот во НАТО базата во Баграм, ги повикаа авганистанците да ги убиваат странците.
Во дводневните протести ширум Авганистан, поради палењето на исламската света книга, седум лица загинаа во судирите со безбедносните сили. Претседателот на Авганистан повика на смирување на ситуацијата.
САД се извинија и најавија истрага за инцидентот.