ОН наскоро ќе испратат свој хуманитарен претставник во Сирија

Обединетите нации соопштија дека нивниот хуманитарен претставник Валери Амос наскоро ќе биде испратена во Сирија, за да овозможи безбедносни услови на работниците кои се обидуваат да им помогнат на луѓето да се извлечат од конфликтните зони во земјата.
Во меѓувреме, силите лојални на претседателот Башар Ал Асад продолжуваат со нивните крвопролевања против опозицијата, во кои вчера беа убиени 80 лица, меѓу кои и двајца западни новинари.