Грчките пратеници повторно за мерките за штедење

Грчките пратеници се подготвуваат денеска да го разгледаат итниот пропис за ревизија на државниот буџет за оваа година, со намалување на расходите за уште 3,2 милијарди евра. Со таа ревизија буџетскиот дефицит меѓутоа е зголемен за 6,7 насто, додека првично се предвидуваше дека дефицитот ќе се задржи на 5,4 проценти. Најновото намалување на буџетските расходи беше утврдено вчера.