Карзаи повика на смиреност по протестите во Авганистан

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи повика на смиреност по судирите меѓу безбедносните сили и демонстрантите, кои протестираат против случајното палење на копии од Куранот во базата на НАТО во Баграм.
Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека најмалку седум лица загинале, а десетици се поврдени при немирите.