Расте бројката на загинати на протестите во Авганистан

Протестите во Авганистан

Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека најмалку седум лица загинале во судирите меѓу безбедносните сили и демонстрантите, кои протестираат против случајното палење на копии од Куранот во базата на НАТО во Баграм.
Според министерството, полицијата застрелала по еден демонстрант во Кабул, Џалалабад и покраината Логар. Додека другите четири лица загинале за време на протестите во покраината Парван.