Русија предупредува дека нападот врз Иран би имал катастрофални последици

Рускиот заменик министер за надворешни работи, Генади Гатилов

Рускиот заменик министер за надворешни работи, Генади Гатилов предупреди дека нападот врз Иран би можел да има катастрофални последици за регионалните и евентуално меѓународните односи.
Предупредувањето на министерот доаѓа по разочарувањето од страна на нуклеарните инспектори на ОН кои соопштија дека иранските власти при нивната посета не им дозволиле пристап во воениот комплекс во Паршин. Воениот комплекс е поврзан со иранската нуклеарна програма, која западните земји сметаат дека има за цел да произведе нуклеарно оружје.