Пронајдени уште четири тела во остатоците на бродот Коста Конкордија

Коста Конкордија

Спасувачките екипи лоцирале уште четири тела во остатоците на бродот Коста Конкордија кој се насука во близина на брегот на Тоскана во Италија. Телата се уште не се индентификувани.
Бродот превезуваше околу 4000 патници, а при несреќата загинаа 17 лица, а 15 се водат за исчезнати. Италијанското обвинителство поведе истрага против капетанот и првиот офицер на бродот.