Фич го намали рејтингот на грчките долгорочни обврзници

Меѓународната рејтин агенција Фич го намали рејтингот на грчките долгорочни обврзници за две нивоа од три Ц на едно Ц. Според агенцијата, финансиската пропаст на Грција е многу поверојатна на среден период од претходно.
Новиот рејтинг доаѓа по договорот на грчките власти со меѓународните кредитори според кој приватните банки и другите финансиски институции треба да отпишат околу 170 милијарди евра од долгот на Атина.