Груевски се сретна со европратениците „Пријатели на Македонија“

Македонскиот премиер Никола Груевски

Македонскиот премиер Никола Груевски оствари средба со европратениците и членови и на групата „Пријатели на Македонија“, Ричард Ховит, Едвард Кукан и Алојз Петерле. Според соопштението на владата, на средбата се разговарало за евроатланските интеграции на Македонија и аспектите кои имаат улога во нивната реализација.
Груевски ги информирал за спроведување на реформите и се заложил за нивна што побрза реализација. Европратениците ја изрзиле поддршката за реализација на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.