Пакистан бара Интерпол да го уапси поранешниот претседател Мушараф

Поранешниот претседател на Пакистан, Первез Мушараф

Пакистанскиот министер за внатрешни работи, Рехман Малик изјави дека властите од Исламабад ќе побараат од Интерпол да го уапси поранешниот претседател на земјата Первез Мушараф во врска со убиството на поранешниот премиер Беназир Буто.
Малик го обвини Мушараф дека на Буто не и обезбедил адекватно обезбедување, кога загина при бомбашкиот напад на 27 декември 2007 година.
Според Малик, убиството на Буто го испланирал лидерот на милитантите Баитулах Махсуд.