Русија нема да присуствува на конференцијата за кризата во Сирија

Бомбардирањата на Хомс

Руските власти соопштија дека нема да земат учество во меѓународната конференција во Тунис посветена на кризата во Сирија. Според нив, на состанокот ќе бидат поддржани само сириските опозициски партии, без да бидат претставени интересите на властите во Дамаск.
Кинеските власти одбија да соопштат дали ќе присуствуваат на средбата на таканаречените „Пријатели на Сирија“, која ќе се одржи на 24 февруари.