Авганистанските власти секојдневно преговараат со талибанците

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека властите секојдневно преку посредници преговараат со талибанците за ставање крај на конфликтот во земјата. Карзаи за една австралиска телевизија рече дека талибанците индиректно комуницирале со нив преку еден од нивните водачи Мулах Омер.
Членовите на авганистанскиот Висок мировен совет за Радио Слободна Eвропа изјавија дека се оптимисти за постигнувањето мировен договор со талибанците.