Иванов-Македонија е секогаш конструктивна и посветена на спорот со името

Средба на Претседателот Ѓорге Иванов со амбасадорот на ОН Метју Нимиц

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов изјави денеска дека Македонија е секогаш конструктивна и придонесува во изнаоѓањето на заемно прифатливо решение за спорот со името. Иванов прашан за неговиот впечаток по вчерашната средба со Метју Нимиц рече дека со изјавата на медијаторот било укажано дека Македонија е посветена на прашањето.
Иванов ја повика грчката страна да ја покаже истата посветеност, бидејќи од таму во последно време нема некои позитивни поместувања.