Евакуирани стотици жители поради поплавите во Казахстан

Стотици жители беа евакуирани поради поплавите од селата во јужниот дел на Казахстан. Според извештаите околу 400 куќи биле поплавени. Локалните власти соопштија дека работат на евакуација на жителите и копаат дополнителни канали да ја пренасочат водата надвор од селото.
Топењето на снегот и големите врнежи од дожд се причината за поплавите во Казахстан.