Саудиска Арабија именуваше амбасадор во Ирак

Ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари

Ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари изјави дека Саудиска Арабија именувала амбасадор во Ирак за прв пат откако диктаторот Садам Хусеин изврши инвазија во соседен Кувајт во 1990 година. Функцијата ќе ја извршува актуелниот амбасадор во Јордан.
Одлуката на Саудиска Арабија доаѓа додека Ирак се подготвува за самитот на Арпаската лига во земјата на крајот на март.