Лани во светот убиени 46 новинари

Комитетот за заштита на новинарите соопшти дека во текот на минатата година во светот биле убиени 46 новинари. Во годишниот извештај ,,Напади врз печатот во 2011,, се прецизира дека најопасно било во Пакистан, бидејќи лани таму биле убиени седуммина новинари. По Пакистан, следуваат Либија и Ирак, каде загинале по петмина новинари. Во минатата година имало затворени 179 новинари, што е најмногу во изминативе две децении. Најмногу заробени имало во Иран, 42 новинари. Во извештајот се осудуваат владините кампањи за замолчување на медиумите во земјите како Кина, Сирија и Египет.