Иран: тимот на МААЕ е на разговори, не за контрола

Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека тимот експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија кој престојува во земјата нема да ги посети иранските нуклеарни постројки. Според министерството, експертите само ќе одржат разговори со официјални претставници во Техеран. МААЕ во минатиот ноември соопшти дека Иран извел проби релевантни на производство на нуклеарно оружје. Иран ги негира обвинувањата дека сака да произведе нуклеарно оружје.