Руски научници регенерирале цвеќе од антички семки

Руски научници успеале да регенираат цвет од семки кои најверојатно верверички го зачувале под земја уште пред 30 илјади години. Станува збор за најстарото растение што е регенерирано досега, изјави Светлана Јашина од Институтот за биофизика на Руската академија на науките, додавајќи дека цвеќето изгледало слично на неговата сегашна верзија кое и денес расте во Сибир. Ова достигнување, според научниците, може да води и кон можно повторно заживување на некои цицачи од Леденото доба. Јапонските научници веќе соопштија дека имаат намера да регенерираат мамут.