Mинистерoт за одбрана Бесими во посета на Косово

Министерот за одбрана Фатмир Бесими

Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Косово. Посетата на Приштина, првично планирана за 13 февруари, беше одложена поради лошите временски услови. Бесими ќе се сретне со министерот на Косовските безбедносни сили Агим Чеку, со командантот на КБС генерал потполковник Кадри Кастрати и со вицепремиерот на Косово Хајредин Кучи. За време на посетата е предвидено потпишување План за билатерална соработка за 2012 година, со кој се утврдени можностите за користење на македонските расположливи капацитети: Полигонот Криволак, Регионалниот тренинг центар за комуникации и Воено медицинскиот центар, како и школување на питомци од Косово на Воената Академија во Скопје.