Сиријските сили стрелале врз демонстранти

Активисти јавуваат дека сиријските безбедносни сили стрелале врз луѓе кои синоќа во јужните предградија на Дамаск протестирале против претседателот Башар ал Асад. Се прецизира дека имало неколкумина ранети. Во истовреме, меѓународните хуманитарни организации се обидуваат да договорат прекин на огнот меѓу владините сили и опозиционите групи со цел да им се достави помош на граѓаните во опколените реони, како Хомс и Хама. Исто така, Германија соопшти дека најверојатно Европската унија ќе воведе нови санкции против Сирија, додека американскиот државен секретар Хилари Клинтон најави дека в петок во Тунис ќе учествува на состанокот ,,Пријатели на Сирија,, кој има за цел да ја покаже изолираноста на режимот на Асад.