Европратеници во посета на Македонија

Ричард Ховит

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе прими претставници на Европскиот парламент, членови на групата „Пријатели на Македонија“, меѓу кои и Ричард Ховит, Едуард Кукан и Алојз Петерле. Европратениците во текот на денов ќе бидат примени и од претседателот на Собранието Трајко Вељановски и од шефот на дипломатијата Никола Попоски.