Двајца албански војници загинаа во Авганистан

Двајца албански војници од составот на меѓународните сили во Авганистан биле убиени вчера, откако авганистански полицајци отвориле оган врз нив, соопшти албанското министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека 11 полицајци биле уапсени по нивното пукање врз силите на ИСАФ, во кое покрај убиените, бил ранет уште еден војник.
Инцидентот се случил кога војниците оделе на собир по повод отворање на две училишта и здравствен центар.
Во Авганистан во моментов има 265 албански војници во составот на мисијата ИСАФ.