Претседателски избори во Јемен

Денеска во Јемен ќе бидат одржани предвремени претседателски избори, на кои единствен кандидат е Абед Рабо Мансур Хади, заменик на досегашниот претседател Али Абдула Салех, кој беше на власт 33 години.
Денеска истекува 90-дневниот преоден период почнат во ноември, кога Салех во Ријад го потпиша планот на земјите од Персискиот залив, кој предвидува негово заминување во замена за негов и имунитет на најблиските соработници. Салех се согласи да го потпише планот кој предвидуваше и одржување претседателски избори, по повеќе од 10 месеци народни протести во кои беше барано негово заминување од власта.