Официјални резултати од референдумот во северно Косово

На референдумот во северно Косово 99,74 отсто од граѓаните се изјасниле против прифаќањето на косовските институции. Според конечните резултати што беа соопштени во Звечан, за прифаќање на косовските институции гласале само 69 граѓани од четирите општини, а 133 гласачки ливчиња биле неважечки.
На референдумот излегле 26.727 гласачи или 75,29 отсто од вкупната бројка на пријавени.