Иран се заканува со прекин на извозот на нафта и во други земји од ЕУ

Шефот на иранската национална компанија за нафта, Ахмад Џалебани

Шефот на иранската национална компанија за нафта, Ахмад Џалебани се закани дека земјата ќе го прекине извозот на нафта и во други земји од ЕУ, доколку продолжат непријателските активности кон Иран. Изјавата на Џалебани е ден по одлуката на иранските власти да ја прекинат продажбата на нафта на британските и француските компании, поради санкциите на ЕУ за нуклеарната програма на земјата.