Тунис ги повика сириските опозициски групи на конференција

Демонстрациите во Сирија

Тунискиот министер за надворешни работи Рафик Абдесалам изјави дека Сирискиот национален совет и други опозициски групи од земјата ќе земат учество во меѓународната конференција за кризата во Сирија, која ќе се одржи во петок во Тунис. Шефот за меѓународни односи на Сирискиот национален совет, Наји Таиара потврди дека тие ќе присуствуваат на конференцијата.
Според Таиара, Кина и Русија биле против учеството на сириските опозициски групи, но го промениле мислењето поради инсистирањето на Арапската лига.