Предизборни инциденти во Јемен

Поранешниот претседател на Јемен, Али Абдула Салех

Јеменските безбедносни сили соопштија дека најмалку една изборна единица е уништена при експлозија во градот Аден. Според извештаите нема повредени во инцидентот. Арапскиот полуостров се соочува со серија инциденти, ден пред изборите на кои ќе се гласа за нов потпретседател и претседател на земјата.
Во земјата имаше и повици за бојкот на изборите, бидејќи единствен кандидат за претседателската функција е Абед Рабо Мансоур Хади, заменикот на соборениот претседател Али Абдула Салех.