Нимиц се сретна со министерот Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски и посредникот на ОН Метју Нимиц на средба во Скопје

Медијаторот на ОН во македонско-грчкиот спор за името, Метју Нимиц оствари средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски. Веднаш по средбата Нимиц без да даде изјава за медиумите замина во вилата Водно каде ќе разговара со претседателот Ѓорѓе Иванов, а подоцна ќе се сретне и со премиерот Никола Груевски.
Според соопштението на МНР, Попоски на средбата ја истакнал посветеноста на Македонија за изнаоѓање на прифатливо решение за придвижување на интегративниот процес. Министерот притоа се осврнал и на значењето на Пресудата на Меѓународниот суд во Хаг во однос на прекршувањето на Времената спогодба.
Нимиц утре ќе замине за Атина каде што ќе оствари средби и со грчките власти.